Делиоска броеше до 13, Стружанка си замина победнички од Штип

Ракометарките на Стружанка во рамките од Супер женската лига славеа на гостувањето во Штип против новиот член, Астибо со 28:24. Победата за избраничките на Владимир Паноски беше втора по ред во новата сезона и со новите освоени бодови, Стружанка фаќа приклучок кон средината на табелата во Групата Б.

Ракометарките на Астибо во првите 20 минути рамноправно се носеа со гостинот од Струга. Домаќинките имаа водство од 6:5, но расположените ракометарки на Стружанка со серија од 4:0 се одлепија на 9:6. Тоа беше клучен период од натпреварот каде што екипата на Астибо започна чекор по чекор да го губи дуелот. Првото полувреме заврши со резултат 13:11 за Стружанка.

Во второто полувреме, Стружанка не дозволи отпор од страна на домаќинките. Со добра игра и реализација, ракометарките на Стружанка одржуваа предност, најчесто, од три до четири гола во вториот дел. Астибо во последните десет минути заостануваше на четири гола негатива, па тука јасно беше дека бодовите ќе ги освојат ракометарките на Стружанка.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Стружанка, Магдалена Делиоска со 13 гола. Во екипата на Астибо прв стрелец беше Драгана Стојанова со седум гола, а по пет постигнаа Марија Анчева и Бојана Јованова.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099