Две репрезентативки на Македонија освоија сребро во Турција

Двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, заедно со екипата на Коњалти го освоија второто место во шампионатот на Турција.

Коњалти во решавачкиот дуел, односно во мајсторката против Кастамону, не успеа да дојде до трета победи и беше поразен со четири гола разлика, 28:24.

Двата тима пред извесен период се сретнаа во финалето од Купот на Турција. Ниту тогаш Коњалти не успеа да дојде до златото.

Тимот на Кастамону, кој во последните пет сезони е на тронот во домашниот шампионат, за следната сезона се пријави за настап во Лигата на шампионите.

Амбициозниот проект од Турција во претходните сезони учествуваше во елитното натпреварување, но немаше забележителни резултати.

Коњалти во изминатата сезона го освои Европскиот Куп и најверојатно за следата сезона ќе посакува настап во Лига на Европа.