Промени за „зборнаја“ – Брестовац со два нови бека против Русија (ФОТО)

Светската ракометна федерација ги објави составите за натпреварот меѓу Македонија и Русија од второто коло на главната рунда на СП.

Селекторот Данило Брестовац на овој дуел ќе смета на Михајло Младеновиќ за првпат на ова СП, како и на Дарко Георгиевски, кој беше во ростерот за првите два меча.

Надвор од составот се бековите на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски и Мартин Велковски поради повреди.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија се игра денеска во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.