Двајца странци помалку: Шеваљевиќ и Векиќ заминуваат од Вардар!

Двајца интернационалци што оваа сезона беа дел од шампионскиот тим на Вардар, нема да останат во Скопје.

Левиот бек Васко Шеваљевиќ и десниот бек Јосип Векиќ иако имаа активни договори со “црвено-црниот” тим заминуваат од Вардар.

Двајцата не оставија некој особен впечаток на европските натпревари, иако во домашните натпреварувања одиграа сосема солидно.

Не е исклучено до стартот на сезоната во Вардар да дојдат уште двајца ракометари на бековските позиции.