Двајца поранешни тренери на Вардар во битка за африканскиот трон

Љубомир Обрадовиќ со Зеленортските Острови и Роберто Гарсија Парондо со Египет, двајцата екс тренери на Вардар, ќе се борат за трофејот на Африканското првенство што се одржува во Египет.

Селекцијата на Зеленортските Острови приреди мало изненадување и во полуфиналето беше подобра од Мароко со 23-19.

Домаќинот Египет пак немаше лесна задача против големиот ривал Тунис, но на крајот сепак триумфираше со 29-27.

Сите четири селекции со пласманот во полуфиналето веќе го обезбедија пласманот на Мундијалот во Полска и Шведска.