Двајца вардарци во ТОП 10 стрелци во Лигата на шампионите (ФОТО)

Европскиот првак Вардар има одличен старт во новата сезона и три победи на исто толку натпревари, против Монпелје, Порто и Мотор Запорожје.

Еден од најдобрите ракометари во „црвено-црните“ редови е рускиот репрезентативец Тимур Дибиров.

Тој постигна 20 голови на трите меча, со кои е на делба на третото место на листата стрелци во Лигата на шампионите, заедно со Банур од Динамо Букурешт, Јоханесен од Фленсбург и Јакобсен од ГОГ.

Во ТОП 10 листата се наоѓа уште еден вардарец, Даинис Кристопанс, кој има постигнато 17 погодоци е на делба на 9 место.