Данска со 18 ракометари на ЕП, Јакобсен има застрашувачка бековска линија

Селекторот на репрезетацијата на Данска, Николај Јакобсен го објави списокот од 19 ракометари со кои ќе се тестира пред Европското првенство на турнирот од Златната лига со Норвешка и Франција. Од нив еден ќе отпадне и 18 играчи ќе патуваат во Шведска на Еуро 2020.

Собирот на репреентацијата е на 28. декември во Копенхаген каде ќе тренираат до 30. декември по што следува ден одмор. На први јануари составот на Данска заминува во Франција каде што ќе ги одигра двата подготвителни натпревари во рамки на Златната лига.

На 3 јануари силите ќе ги одмерат со Норвешка, додека на 5 јануари Данска ќе се сретне со Франција. После овој меч повторно се враќаат дома каде што ќе се подготвуваат до почетоткот на првенството. Данска своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Малме со Унгарија, Русија и Исланд.

Селекторот Јакобсен ќе има на располагање одлично голманско дуо во Ландин и Грин, како и застрашувачка бековска линија со повеќе ол раунд бекови – Хансен, Ларсен, Лауге, Олсен, Дамгард, Андерсон, Киркелоке…

Состав на Данска: Никлас Ландин (Кил), Јаник Грин (Магдебург),  Магнус Ландин (Кил), Магнус Бреминг (Холстебро), Ласе Сван (Фленсбург), Ханс Линдберг (Фуксе Берлин), Рене Тофт Хансен (Бенфика), Магнус Согструп (Алборг), Андерс Закаријасен, (Фленсбург), Никлас Киркелоке (Рајн Некар), Микел Хансен (ПСЖ), Хенрик Молгард (Алборг), Мадс Менсах Ларсен (Рајн Некар), Расмус Лауге (Веспрем), Мортен Олсен (Хановер),  Јакоб Холм, (Фуксе Берлин), Микел Дамгард (Магдебург), Ласе Андерсон (Барселона), Николај Ирис (Силкеборг).