Данска го среди европскиот шампион, Шпанија и се одмазди на Франција

Репрезентацијата на Данска ја расипа славеничката атмосфера на Швеѓаните кои за првпат играа на домашен терен откако ја освоија титулата европски шампион. Данците триумфираа со 23:31 во пријателски дуел.

На полувреме Данска водеше 12:15, а во продолжението имаше одлично издание и највисока предност од дури десет гола. Сепак до крај Шведска успеа да намали и да избегне катастрофален пораз.

Откако пред два дена Шпанија загуби со 11 гола разлика од Франција, на вториот пријателски натпревар помеѓу истите ривали Шпанците им се реваншираа и славеа минимално со 32:31.

Особено добро издание Шпанија имаше во првото полувреме кога водеше 19:13. Французите полека ја стопија негативата во вториот дел и на крајот имаа можност и да избегнат пораз но не успеаја.