Гроздановска даде десет гола, Спартак не виде мака со Кузман Вардар

Тимот на Спартак без поголеми проблеми забележа триумф над Кузман Вардар со 33-24 во натпревар од 5. коло во плеј-аутот од Женската лига.

Домаќинките уште од стартот си го фатија редот. Поведоа со 4-1, па 7-2, и до крајот на полувремето обезбедија високи плус седум, 16-9.

По 18-11 во вториот дел, Спартак постигна три гола во серија за 21-11 и веќе немаше дилеми до крајот околу победникот на овој натпревар.

Најдобар стрелец во триумфот на Спартак беше Ангела Гроздановска со десет гола, а пет постигна Антонија Радевска. Во составот на Кузман Вардар се истакна Нина Милевска со 11 погодоци.