Гранољерс на тест со Барса пред двомечот со Пролет

Ракометарите на Пролет во Лигата на Европа ќе се сретнат со шпанскиот претставник Гранољерс, а двата натпревари ќе се играат во Шпанија на 3 и 4 септември.

Како подготовка за дуелите со Пролет, ракометарите на Гранољерс одиграа пријателски натпревар против силната Барселона на кој беа поразени со 27:39, но дадоа силен отпор во првиот дел.

Противникот на Пролет добро парираше и во првите дваесет минути имаше негатива од само два гола, 9:11. Сепак не издржаа до крај на полувемето и по 30 минути имаа 12:18. До крај Барселона го потврди својот квалитет и стигна до убедлив триумф.

Овој дуел беше можност тренерот на Гранољерс да испроба некои комбинации и да добие слика како ќе функционира неговиот тим со новите засилувања. Шпанскиот тим е голем фаворит против Пролет во дуелите од Лигата на Европа.