Го скрши носот, па првпат после 14 години ќе ја нема на големо натпреварување

Ракометарката која пред неколку години го носеше дресот на Вардар, а сега е дел од тимот на Будуќност, Алисон Пино нема да може да биде дел од Европското првенство во декември откако заработи скршеница на носот на средба од Лигата на пампионите.

Таа се повреди во дуел со поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ (сега во Рамницу Влчеа) кога доби удар со лакт и доби двојна фрактура на носот поради што ќе мора да биде надвор од терените во следните 4 до 6 недели.

Ова значи дека првпат после 14 години нема да биде дл од репрезентацијата на Франција на едно големо натпреварување.

Се работи за ракометарка која во 2009 година, а зад себе има златни медали и на Мундијалите и на Европските првенства, додека од Олимписките игри се има вратено со сребрен медал.