Го сакаа Вардар и Кил, тој бараше минутажа и се одлучи за Елверум

Младиот ракометар на тимот на Ескилстуна Гуиф, Ерик Јохансон беше еден од оние за кои беше заинтересирана и екипата на Вардар, која посакуваше да го види во своите редови, но не дојде до трансферокако тој одлучи да остане во клубот.

Сега, Швеѓанецот ја прифати понудата на норвешкиот Елверум што значи дека ја одби понудата и од Кил така што во следната сезона ќе биде во тим кој е во Лигата на шампионите, но не е од Топ 5 клубовите.

„И во Вардар и во Кил има светски познати ракометари. Јас сакам да играм, да имам минутажа, а во овие екипи тешко ќе можев да го остварам тоа. Мојата цел е да играм против врвни тимови, но да добивам шанса, па затоа одлучив да ја прифатам понудата од Елверум. Тоа е екипа каде што посветуваат многу внимание на младите ракометари, а сметам дека таму ќе ја имам и минутажата која ми е потребна за развој“, вели Ерик Јохансон.

И Вардр и Кил полека ги формираат тимовите за следната сезона така што веќе станува јасно со какви ростери ќе располагат за новиот шампионат.