Гошевски: Ако одиграме како што се договараме, тогаш ќе го победиме Јуниор КВ

Тимот на Голден Арт по триумфот во Радовиш посакува втора победа во серија. Во градскиот двобој, избраниците на Никола Матлиески ќе го пречекаат составот на Јуниор КВ.

Десниот бек Дејан Гошевски и еден од најдобрите стрелци во тимот е претпазлив пред натпреварот.

„В недела ни следува натпревар против незгоден противник, кој според составот на играчи е спој на младост и искуство и кој на претходните натпревари покажа дека поседува квалитет да се надмудрува со секој тим во Суперлигата. Атмосферата во тимот после победата од исклучително значење во Радовиш, е на многу високо ниво, што овозможува квалитетно да се подготвиме за натпреварот кој ни претстои со тимот Јуниор Кисела Вода. Доколку спроведеме тоа што се договараме и го тренираме на последните тренинзи, оптимист сум дека ќе излеземе како победник на дуелот во недела“, смета Гошевски.

Натпреварот меѓу Голден Арт и Јуниор КВ се игра во текот на утрешниот ден со почеток во 16:30 часот.