Гостивар стана неосвоива тврдина

Ракометарите на Јехона дојдоа до уште една победа во Групата А во Првата машка лига, а на домашен терен го совладаа Работнички со 38:32.

Јехона имаше далеку подобро прво полувреме во кое беше обезбедена убедлива предност. Практично беше искористено играњето со играч повеќе осум минути со оглед на тоа што гостите имаа четири исклучувања.

Домашните ги имаа расположените Салиу, Бошковски и Марковски кои одработија најдобро во нападот, па тројцата постигнаа заедно 27 од 38-те погодоци на тимот на Јехона. Инаку, ова е трета победа за тимот од Гостивар од стартот на сезоната, а добрата форма главно се покажува на домашен терен.

ЈЕХОНА – РАБОТНИЧКИ             38:32 (18:11)

Сала: „Риниа“ во Гостивар. Судии: Иван Илиевски и Александар Шукоски. Делегат: Игор Станојоски.

ЈЕХОНА: Павлоски, Јонузи, Стојаноски, Николоски 3, Салиу 11, Бошковски 8, Ахмети, Марковски 8, Емини 1, Селмани 2, Столески 1, Живкоски 3, Груевски, Стојаноски, Кузмановски 1, Џафери

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

РАБОТНИЧКИ: Огњановски, Перчуклиевски, Дука 10, Дамчевски, Димевски 11, Димов 2, Чакалиќ 1, Јакимовски 3, Дамески, Идризи 1, Стојчевски, Ефтимов 4, Петровски, Пејковски.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 14 мин.