Голманот на Вардар не е подготвен за старт на Европското првенство

Ракометарот кој го брани голот на Вардар, Артур Кугис го нема во тимот на Летонија за денешниот прв натпревар на Европското првенство против селекцијата на Шпанија.

Кугис поради повреда пропушти неколку натпревари на Вардар во финишот од есенскиот дел на сезоната така што оваа повреда го спречува и да биде на голот на Летонија на стартот од деби настапот на Европското првенство.

Затоа, пак, Кристопанс е во тимот и тој ќе биде најголемиот проблем за одбраната на Шпанија на денешното отворање на Европското првенство.

Првиот натпревар Летонците вечерва го играат во Трондхајм, а стартот е од 20:30 часот.