Голем ден и голема победа вредна пласман на Европско првенство

Иако уште е рано да се зборува, сепак, кога ќе се направи прецизна математика победата од 33:29 над селекцијата на Данска веќе значи пласман за Македонија на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Со шест бода Македонија е лидер во Групата 7 и овие шест бода се сосема доволни дури и од третото место да се влезе на шампионатот. За ова веќе никој не ни размислува бидејќи Македонија веќе игра далеку поинаку и најавува игра која ќе биде далеку поинаква.

Играта која што вчера беше прикажана гарантира победи и против Финска нагости и против Швајцарија дома на последните два дуели кои се играат на крајот на април и почетокот на мај така што останува само да се доврши задачата.

Според ситуацијата на Македонија и треба уште една победа за да може да се најде на едно од првите две места, но сосема извесно е дека и со шест бода веќе работата е завршена така што сега може без притисок да се доврши започнатата задача.

Во моментов на листата на третопласирани селекции во водство е Грција со четири бода пред Холандија со три и Швајцарија со два поени, но има групи каде што дел од селекциите имаат одиграно повеќе од три натпревар.  Оттаму дури и доколку се случи Македонија да се најде на 3. место во Групата 3 ќе биде сигурно најдобропласирана меѓу третопласираните. Затоа нема потреба од грижи, Македонија веќе има пласман на Европското првенство.