Голема борба, 13 исклучувања и победа за Чаир

Ракометарките на Шампион и Чаир одиграа борбен натпревар со многу исклучувања во рамки на 11. коло од Супер женската лига, а на крајот гостинскиот тим славеше убедлива победа со 34:15.

Шампион добро го отвори натпреварот, поведе со 2:0, но гостинските ракометарки брзо го преземаа водството. Со серија од 6:0, Чаир направи убава предност кој ја одржа до крајот на првиот дел. На полувреме беше 10:16.

Почетокот на второто полувреме беше одлучувачки за победникот. Гостинската екипа отвори со 8:0 и обезбеди недостижна предност со што Чаир обезбеди нови бодови. До крајот на натпреварот разликата достигна 19 гола.

За одбележување е големиот број на исклучувања на натпреварот, вкупно 13. Најефикасни во домашниот тим беа Миа Петровска и Тамара Богоевска со по четири гола, додека во составот на Чаир, Анастасија Николовска со 13 гола го водеше својот тим до победата.

ШАМПИОН – ЧАИР 15:34 (10:16)

Сала: ОУ 7-ми март во Скопје. Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

ШАМПИОН: Велковска, Мустафи 1, Крстевска, Петровска, Богоевска 4, Димитиевска 2, Петровска 1, Бадаровска, Богоевска, Стојановиќ, Јовановска, Петровска 4, Ристевска, Филипова 2, Бојковска.

Седмерци: 3/7. Исклучувања: 14 мин.

ЧАИР: Мисовска 1, Динарица 2, Божиновска 1, Бакиќ 7, Рахмани 3, Рамуко 1, Сали, Мартиновска 3, Шерифи, Кицеска, Ѓуриќ 1, Костадиновска 2, Николовска 13.

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 12 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167