Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Романија – Македонија (ЛИНК)

Македонија денеска го игра реваншот против Романија во рамките на првиот бараж за Светското првенство во Полска и Шведска.

Селекторот Кире Лазаров направи една промена во ростерот, па на местото на средниот бек Марко Митев ќе биде десното крило Ненад Костеки.

Во ростерот на Романија исто така ќе има промена. За разлика од првиот меч, сега на терен ќе биде Шпанецот со романски пасош, Хаивер Хумет, десен бек од Динамо Букурешт.

Нашата селекција ќе брани осум гола предност, откако славеше со 30-22 во првиот натпревар во Скопје, а реваншот што се игра денеска од 17:00 часот може да го гледате на некој од следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2