Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Грција (ЛИНК)

Машката кадетска репрезентација на Македонија во следните три дена ќе има само по еден натпревар на Медитеранските игри.

Следуваат натпреварите за пласман, но нема да биде лесно со оглед на тоа што се важат и дуелите од групната фаза против селекциите со кои беа одмерени силите, а влегоа во новата група, Мароко и Турција.

Денеска прв ривал ќе биде селекцијата на домаќинот Грција. Натпреварот се игра во Атина, а почетокот е закажан за 09:30 часот по македонско време. Можете да го гледате на следниот ЛИНК.