Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Романија (ЛИНК)

Машката репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од двомечот со Романија за место во вториот бараж за СП.

Селекторот Кире Лазаров веќе го одбра ростерот, па ако се одземат од претходно познатите отсуства на Велковски, Мишевски и Манасков, немаше поголеми проблеми со ростерот.

За разлика од Лазаров, Чави Пасквал – селекторот на Романија, имаше поголеми проблеми.

Отсустни ќе бидат десните бекови Григорас и Гита, нема да играа ниту левиот бек Шимицу, а не допатуваа ниту Хумет и Шоке.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а може да го гледате ТУКА.