Гледајте ги ВО ЖИВО натпреварите Струга – Металург 2 и Бутел – Пролет (ЛИНКОВИ)

Денеска и утре се игра претпоследното 17. коло во машката Суперлига, по кое нема да има никакви поголеми промени на табелата.

Веќе се знаат сите учесници во плеј-офот, каде што не се пренесуваат бодови, за разлика од плеј-аутот, каде екипите во овие две кола можат да соберат уште некој бод против директните конкуренти што ќе се пренесе во следната фаза.

Скопското дерби меѓу Бутел Скопје и Пролет се игра во салата „Антон Димитров“ од 19:00 часот, а може да гледате на следниот ЛИНК.

Во битката за опстанок, победникот на пресметката меѓу Струга и Металург 2 ќе освои важни бодови. Натпреварот се игра во СЦ „Тими“ од 19:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.