Гледајте ВО ЖИВО: Норвешка – Македонија (ЛИНК)

Кадетките на Македонија на Европското првенство во Црна Гора ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, откако беа убедливо поразени од Романија, Унгарија и Франција во рамки од групната фаза.

Ракометарките на Кристијан Грчевски за прв ривал во разигрувањето за пласман ја имаат репрезентацијата на Норвешка, која потфрли во првиот дел од кадетскиот континентален собир и не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум репрезентации.

Македонија со евентуална победа над Норвешка ќе има големи шанси да се избори за што е можно подобар пласман на Европското првенство во Црна Гора.

Денешниот дуел меѓу Норвешка и Македонија ќе стартува со почеток од 13:30 часот, а може да го гледате ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!