Ги собравме и индивидуалните награди од Романија: Митревски е најдобар голман, Танкоски – МВП!

Македонската машка репрезентација славеше над Романија со 20-24 среде Букурешт во финалниот натпревар од „Трофеј Карпати“.

Покрај големиот пехар за најдобрата репрезентација на турнирот, нашите ракометари им ги собраа на Романците и индивидуалните признанија.

Никола Митревски покажа најмногу кога се работи за голманите и без дилеми беше прогласен за најдобар голман, додека Марио Танкоски покажа дека сериозно може да се смета на неговите услуги за ЕП.

Македонската експедиција веднаш тргнува на пат кон Македонија и утре селекторот Данило Брестовац ќе го соопшти конечниот список на патници за ЕП.