Гичевска: Физичката подготвеност пресуди, но ќе ни биде потешко на наредните турнири

После триумфот над Зајечар свое видување на натрпреварот во ВРХЛ имаше и бекот на Куманово и репрезентацијата на Македоонија, Леонида Гичевска.

„Првиот дел беше многу неизвесен, тренерот се обиде да даде шанса на сите играчи од ростерот. Во вториот дел мислам дека ги добивме на физичка подготвеност, бевме малку поподготвени од нив што се одрази и на резултатот. На домашен терен е полесно отколку на гости, ќе ни биде многу потешко на другите турнири. Ќе имаме притисок од публиката, судиите но доколку се подготвиме доволно физички и психички ќе немаме проблеми“, изјави Гичевска.

Трнерот на Зајечар, Живојин Максиќ истакна дека овие натпревари добро им послужиле како подготовка за домашното првенство и изрази благодарност до организаторот на турнирот.

„Овие натпревари ги искористивме да се подготвиме подобро за домашното првенство, одигравме два натпревари со добро прво полувреме но ни недостасува поширок ростер на играчи. Екипата на Куманово заслужено победи и благодарам за гостопримството на организаторот. Се надевам дека ќе имаме зсилување во нашатта екипа и со добра подготовка очекувам да стигнеме до победа над Куманово во оваа сезона. Куманово е добро селектирана екипа, мислам дека ќе бидат шампиони на Македонија оваа сезона. Во овој тим гледам неколку играчи кои долго ќе играат во репрезентацијата на Македонија“, изјави Максиќ.

Следните турнири во женската регионална лига ќе се играат кон крајот на јануари и на стартот на февруари.