Гисласон на слатки маки – од 28 играчи ќе избере 17 за Олимписките игри (ФОТО)

Селекторот на машката репрезентација на Германија, Алфред Гисласон го објави поширокиот список на ракометари за настап на Олимписките игри во Токио.

Искусниот стратег повика 28 ракометари, но пред самите подготовки списокот ќе се скрати, а шанса за настап на Олимписките игри ќе имаат оние ракометари кои имаат солидна минутажа во своите клубови.

До 5 јули, Алфред Гисласон ќе го намали списокот на само 17 ракометари. Репрезентацијата на Германија на 9 јули ќе одигра пријателски натпревар со Бразил и на 11 јули со Египет.

Од списокот отпаднаа искусните репрезентативци, Патрик Винцек и Фабијан Виде.

На Олимписките игри, Германија во првата фаза за противници ги има репрезентациите на Исланд, Франција, Норвешка, Аргентина и Бразил.