Германците без Семпер на ЕП – има проблеми со срцето, Прокоп повика нов десен бек

Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп мораше да направи принудна измена на составот кој ќе игра на Европското првенство. Станува збор за позицијата десен бек.

Франц Семпер го откажа својот настап на ЕП заради здравствени причини.  На 22-годишниот лев бек на Лајпцг  лекарите му забранија да биде активен во наредните три месеци, како резултат на воспаление на срцевиот мускул. На неговото место во тимот влегува Давид Шмит.

Своето деби во репрезенттивниот дрес ќе го има соиграчот на Жарко Пешевски од Штутгарт, Патрик Цикер кој ќе биде опција на левата крилна позиција заедно со незаменливиот Уве Генсхајмер.

Германија последните проверки пред ЕП ќе ги има на 4 јануари против Исланд и на 6 јануари против Австрија. На Европското првенство тие ќе играат во Трондхајм против Холандија, Шпанија и Летонија.

Список на играчи на Германија за ЕП

Голмани
Андреас Вулф (Келце)
Јоханес Битер (Штутгарт)

Лево крило
Уве Генсхајмер (Рајн Некар)
Патрик Цикер (Штутгарт)

Леви бекови
Фабијан Бeм (Хановер)
Филип Вебер ( Лајпциг)
Јулиус Кон (Мелсунген)

Средни бекови
Пол Друкс (Фуксе Берлин)
Маријан Михалчик (Минден)

Десни бекови
Каи Хафнер (Мелсунген)
Давид Шмит (Штутгарт)

Десно крило
Тобијас Рајхман (Мелсунген)
Тимо Кастенинг (Хановер)

Пикери
Хендрик Пекелер (Кил)
Јаник Колбахер (Рајн Некар)
Патрик Винчек (Кил)
Јоханес Гола (Фленсбург)