Германија во трилер завршница ја совлада Русија, oбезбеди место во ТОП 8

Репрезентациите на Германија и Русија одиграа одличен натпревар во последното коло на Европското првенство на кој после голема борба и неизвеснот во завршницата го добија Германците со 30:29.

Дуелот за четвротото место во групата Германија го започна подобро, имаше почетно водство и го диктираше резултатот. Во 14. минута Германија имаше 10:6 што беше највисоко водство во првото полувреме, а со таква предност избраниците на Гисласон заминаа на одмор од 16:12.

Русија имаше кризен период во завршницата од првото полувреме кога осум минути не успеа да постигне гол, период во кој противникот обезбеди солидна предност. Но во продолжението Русите започнаа добро и после само две минути беа на минус еден.

Сепак Германија успешно го чуваше водството се до 52. минута, Андреев израмни на 25:25, а веднаш потоа и Санталов реализираше за прво водство на Русија. Завршницата беше максимално неизвесна двете екипи имаа водство од по еден гол, но Германците подобро се снајдоа и забележаа минимален триумф.

Со овој триумф Германија го освои четвртото место во групата 2, а Русија заврши на петото место. Најефикасни во составот на Германија беа Гола, Рајхман и Цикер со по пет гола. Во тимот на Русија прв стрелец беше Косоротов со осум гола, шест постигна Ермаков.

25 јануари 2022
30 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 јануари 2022 19:36 EURO22 2GRUPA 2021/2022 25.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГЕРМАНИЈА1630Победа
РУСИЈА1229Пораз

ГЕРМАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јоханес Битерголман00
4Јоханес Голапивот25
9Тобијас Рајхмандесно крило05
10Фабијан Видецентрален бек03
17Лукас Цербедесно крило00
18Јулијан Кестерцентрален бек03
20Филип Веберлев бек03
34Руне Дамкелево крило00
39Лукас Штуцкелев бек02
44Хриштоф Штајнертдесен бек00
77Давид Шмитдесен бек03
93Патрик Цикерлево крило05
95Пол Друкслев бек01
 Вкупно 230

РУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Артем Грушкоголман00
3Дмитри Санталовлев бек02
17Александар Котовдесен бек11
20Михаил Виноградовлев бек03
24Дмитри Корневдесно крило00
25Евгениј Ѕеминлев бек00
30Александар Ермаковпивот26
32Андреј Верешагинголман00
33Данил Шишкаревдесно крило03
44Игор Сорокалево крило00
76Радомир Врачевиќпивот00
78Павел Андреевпивот01
87Виктор Киреевголман00
89Дмитри Житниковцентрален бек03
98Никита Каменевдесен бек02
99Сергеј Марк Косоротовлев бек08
 Вкупно 329

Officials

Судии:
Иван Павичевиќ -Црна Гора
Милош Ражњатовиќ -Црна Гора

ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54018
2ШВЕДСКА53026
3СЛОВЕНИЈА53026
4ПОРТУГАЛИЈА52125
5НОРВЕШКА52034
6ХОЛАНДИЈА50141