Георгиевски за 24 Ракомет ТВ: Втората фаза е нашата цел, но одиме чекор по чекор (ВИДЕО)

Денеска стартува Европското првенство за Македонија, а десното крило Гоце Георгиевски потврдува дека сите се подготвени да го дадат максимумот и се свесни за она што ги очекува. Во своите коментари за 24Ракомет ТВ тој вели дека знаат со кого се соочуваат, дека се фаворити, но и дека нема слаби селекции на овој шампионат.

„Ова е почеток на првенството и за нас е многу важно тоа што сите сме подготвени за настап. Освен Велко Маркоски кој се повреди против Словенија другите сме сите здрави. Украина ни е противник кој е добро познат. Имаме играно против оваа селекција. Се работи за корпулентна репрезентација. Нема да биде воопшто лесен натпревар, но такви нема на шампионатот. Самиот факт што се тука е знак дека се квалитетни. Ние влегуваме во овој дуел како фаворит на хартија. Сепак, на теренот е поинаква приказна и тоа мораме да го докажеме. Со нашите навивачи мислам дека ќе можеме да избориме поволен резултат“, изјави Георгиевски за 24 Ракомет ТВ.

Во репрезентацијата владее добра атмосфера, а тоа го потврдува и Георгиевски кој е еден од оние со најдолг стаж.

„Атмосферата е одлична. Сите си даваме поддршка и ова е важен фактор за нас. Не би зборувал за очекувањата и би одел чекор по чекор. Наша цел е да се пласираме во вториот круг. Имаме група во која можеме против секого да победиме, но и да загубиме. Главната цел е да се избори втора фаза, но не би одел далеку и прво размислувам само за Украина“, рече Георгиевски во изјава за 24 Ракомет ТВ.

Натпреварот со кој Македонија го отвора Европското првенство се игра денеска од 20:30 часот, а на него сите очекувања се да биде остварена победа и да се тргне на шампионатот како што сите посакуваат.

Дневен брифинг 10.01.2020

Публикувахте от 24Ракомет в Петък, 10 януари 2020 г.