Георгиевски го има голот број 800 за Македонија на Европските првенства (ВИДЕО)

Македонија не успеа да ја победи Чешка во 2. коло од групата Б за да може голот на Гоце Георгиевски да биде на некој начин прославен на некој начин како јубилеј.

Тој е стрелец на погодокот број 800 за Македонија на Европските првенства. Реализираше четирипати против селекцијата на Чешка, а голот кој беше за намалување на 21:22 беше оној што ќе биде запишан како број 800.

Во моментов Македонија има 33 одиграни натпревари на ЕП, а дуелот против Австрија е број 34. Дали ќе има уште нови средби после ова ќе се знае во вторник кога се игра дуелот против Австрија.

Секако од тоа ќе зависи дали на ова ЕП ќе го запишеме и голот број 900 на Европските првенства.

Голот на Георгиевски можете да го погледнете во видеото во продолжение.