Гедбан е спасителот: Динамо Букурешт му откина бод на Веспрем!

Ракометарите на Динамо Букурешт и Веспрем одиграа нерешено, 31-31, во 10 коло од Лигата на шампионите. Според случувањата на теренот поделбата на бодови на крај е најреален исход, иако гостите имаа шанси да погодат во последната секунда. Сепак обидот на Ненадиќ го запре екс вардаровиот голман Калифа Гедбан и мечот заврши реми.

Романскиот шампион одржуваше резултатска рамнотежа дваесетина минути, но во продолжение се разбрани Коралес, погодуваа Елисон и Вајлупов во серија и Веспрем стигна до плус пет, 16-11.

Искусниот Јонеа намали на 16-12, а за унгарскиот тим останаа уште петнаесетина секунди за напад. Илиќ викна тајм-аут, беше договорена акција, но нееговите играчи згрешија, па Кудуз казни со погодок во празниот гол во последната секунда за 16-13.

Второто полувреме почна со пет гола за Диинамо Букурешт и комплетен пресврт, 18-16. Веспрем го постигна првиот гол дури по пет минути игра, а потоа одличниот Коралес правеше чуда на голот и гостите набрзина се вратија во игра и поведоа.

По 22-20 за Веспрем, упорните домаќини не мислеа да се откажат од борбата за позитивен резултат. Израмнија на 22-22, а по секое водство на гостите, момците на Чави Пасквал се враќаа во игра.

Во последните пет минути се влезе со реми, 29-29, Веспрем имаше потоа шанса за водство од два гола, но не беа прецизни Штрлек и Ненадиќ, па Динамо израмни на 30-30. Имаа и домашните прилика за водство, но Цупара му одбани шут на Пасквал.

На стартот на последната минута, Веспрем немаше многу идеја во нападот, па од безизлезна ситуација, погоди Ненадиќ од десетина метри, но и Мамду вднаш врати за 31-31. Кога имаше петнаестина секунди до крајот Илиќ викна тајм-аут. Ненадиќ имаше обид во последната секунда, но неговиот шут го одбрани Гедбан и мечот заврши реми.

Најдобри стрелци кај Динамо беа Акименко со седум и Али Зеин со шест гола, додека кај Веспрем се истакнаа Ненадиќ и Вајлупов со по седум реализации. Цупара и Коралес имаа 15 одбрани, додека Букатару и Гедбан вкупно девет, а последната на Алжирецот беше најважна на мечот.