Гевгелија очекувано со бодови кај Шампион

Составот на Гевгелија се избори за нови бодови на гостувањето кај Шампион во Скопје победувајќи со 30:25 со што си обезбеди нова очекувана победа.

Гевгеличанки имаа подобар почеток на натпреварот и обезбедија предност од четири гола, 7:3, а потоа следуваше подобра игра на домашните кои се вратија во натпреварот и успеаја да стигнат до резултатски приклучок и да стигнат и до израмнување на9:9.

До крајот на првиот дел тимот на Шампион дојде и до водство и на одмор замина со 13:12.

Вториот дел од натпреварот мина во знакот на гостинките. Откако Шампион дојде до 19:16 почна поправање на работите и дојде до пресврт. Следуваа четири гола на ракометарките од Гевгелија и стигнаа до предност од 20:19.

Разликата постојано се зголемуваше и до крајот стигна до пет погодоци за конечни 30:25.

Во денешната победа најефикасна беше Драгица Митрова со 12 погодоци, а седум имаше Михаела Митревска. Во тимот на Шампион, Мила Филипова имаше осум гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167