Гаџа: Се познаваме добро со Загреб, нема да дозволиме да слави во Скопје

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига против Загреб.

Средниот бек Анте Гаџа вели дека натпреварот доаѓа во незгодно време за двете екипи.

„Не чека првиот дуел со Загреб. Тие добро не познаваат нас, ние добро ги познаваме нив. Натпреварот доаѓа доста рано, малку незгоден термин и за нас и за нив. Но што е тука, се надевам дека ќе бидеме подготовени, со победа в четврток ќе отпатуваме во Загреб со што подобар резултат. Клучот ќе биде одбраната и голманите, а таа невоиграност да ја прикриеме со добра игра во одбрана, сигурно и тие ќе се обидат така да стигнат до победа. Се надевам нема да го дозволиме тоа“, вели Гаџа.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.