Вујо мајсторе се појави во Грац, фановите веднаш го „нападнаа“ (ВИДЕО)

Поранешниот селектор на Словенија и актуелен тренер на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ денеска се појави во Грац каде што беше на трибините за да ги следи натпреварите од Групата А.

Вујо беше присутен прво на мечот Хрватска – Белорусија каде што гледаше дел од своите ракометари од Загреб, а потоа и дербито меѓу Црна Гора и Србија каде што имаше можност да ги бодри своите сонародници.

Секако самата појава на Вујовиќ во Грац беше дочекана со воодушевување и веднаш беше „нападнат“ од страна на фановите кои сакаа да се фотографираат со него.

Ова не е ништо ново бидејќи е сосема нормална работа кога Вујо ќе се појави во некоја сала.

И овој пат го доби вниманието, а како изгледаше можете да видите во краткото видео.