Врањеш: Македонија има тројца класа ракометари, но ние сме фаворити

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од главната рунда на Мундијалот во Египет.

Ривал на избраниците на Данило Брестовац ќе биде Словенија. Селекторот Љубомир Врањеш ја признава фаворитската улога.

„Нема лесни противници во денешниот ракомет, тоа се однесува и за нашиот следен ривал, Македонија. Тие имаат тројца класа ракометари. Ние сме фаворити на овој меч, ама тоа ќе мора да го покажеме на терен“, изјави Врањеш.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра денеска од 15:30 часот во „Каиро Стадион“.