Врањеш би можел да го преземе Целје, во игра се и Момир Илиќ, Маркота, Стефановиќ…

Екипата на Целје е во потрага по нов тренер за следната сезона бидејќи од постигнатите резултати на новиот тренер, Лука Жвижеј нема некое големо задоволство кај управата. Сепак според пишувањата на словенечка „Екипа 24“, не се исклучува можноста, Жвижеј да остане како тренер на екипата и следната сезона.

Целје се соочи со драстичен пад на формата во домашното првенство и ги загуби најважните натпревари против конкурентите за првото место. Моментално екипата е на третото место зад Горење и Тримо Требње.

Во комбинација за тренерското место во Целје се најде и актелниот селектор на репрезентацијата на Словенија, Љубомир Врањеш.

Се споменуваат и уште неколку имиња. Момир Илиќ, Славко Голужа, Растко Стефановиќ и Синиша Маркота се едни од потенцијалните кандидати, но Славко Голужа пред извесен период го продолжи договорот со Татран Прешов.