Во 21. век без струја и топла вода – во мрак ги стартуваа подготовките за новата сезона!

Речиси сите тимови во Србија ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона, 2022/23, а меѓу последните клубови, кој ги „запали моторите“, беше екипата на Прибој.

Тимот, кој се натпреварува во Првата лига во Србија, во нехумани услови означи старт на подготовките. Во спортската сала во Прибој, која спортските љубители во Србија ја нарекуваат под името „студената сала“, бидејќи е невозможно да се игра во зимски период, моментално, нема струја, а со самото тоа ни топла вода.

Сепак, не е проблем само струјата, проблем ѐ и паркетот во салата, кој е во многу лоша состојба, па така раководството на Прибој ќе мора да ги реши основните проблеми пред почетокот на сезоната, за да можи екипата да има нормални услови за тренинг.

И покрај нехуманите услови, тренерот на Прибој, Харис Струјиќ во мрак ја одржа првата прозивка, на која присуствуваа сите ракометари.