Во средба зад затворени врати: Чешка ја „нокаутираше“ Унгарија

После вчерашниот пораз од 24:27 денеска репрезентацијата на Чешка се избори за победа на вториот дуел против Унгарија и тоа во натпревар зад затворени врати. Конечните 31:22 делуваат застрашувачки ако се знае дека Чесите се противник на Македонија на Европското првенство.

Она што е јасно е дека Чешка била постојано во предност, но нема детали околу тоа кои ракометари настапиле и колку погодоци биле постигнати. На овој дуел немало присуство на публика, но ниту на медиумите, па затоа нема статистика.

Сепак, резулатот е сосема добар показател дека во натпревар во кој не се криело ништо на теренот Чешка успеала да се покаже во одлично издание.