Веќе е лето, а тие допрва ќе ја почнат финалната серија за титулата

Шампионатот на нашиот јужен сосед веројатно е единствениот во машка конкуренција во Европа, кој се уште не е завршен.

Тимовите на АЕК Атина и ПАОК Солун, треба да играат финална серија за титулата во два добиени натпревари.

Иако требаше досега да се одиграат тие мечеви, поради коронавирус во атинскиот тим, натпреварите мораше да бидат одложени.

Сега имаат нови датуми, па АЕК ќе биде домаќин на првиот меч на 4 јули од 19:00 часот, додека ПАОК, за кој брани македонскиот интернационалец Виктор Гигов е домаќи на вториот двобој на 6 јули од 15:30 часот.

Доколку има потреба од мајсторка, таа ќе се игра на 8 јули во Атина од 15:30 часот.