Вечните повторно во дерби дуел – Вардар против Еурофарм Пелистер во прва пресметка за титула

Екипите кои до пред 15 години речиси редовно важеа за кандидати за титулата денеска одново ќе влезат во трка за првото место, а денешната средба во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде првото полувреме во битката за трофејот.

Вардар кој е рекордер со 13 трофеи и освојувач на последните пет титули (сезоната 2019/20 мина без шампион бидејќи шампионатот беше затворен без првак) сака да продолжи со доминацијата, но тимот од Битола кој од 2005 година чека на седмиот трофеј сака да го прекине ова.

Сезоната е долга, но сосема извесно е дека пресметките меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе решаваат за победникот. Затоа овој дуел кој се смета како прво полувреме ќе одлучи многу и дефинитивно денеска ќе донесе интересен ракомет.

Со оглед на тоа што се игра без публика тешко дека може да се смета на некаква предност така што сосема извесно е дека денеска ќе биде доста израмнето и во прв план ќе биде ракометот.

Ако се земат предвид двете победи на Еурофарм Пелистер во подготвителниот период може да се очекува голема мотивација кај вардарци да покажат дека тоа беше само почеток на сезоната така што дефинитивно денеска е главното и овој дуел ќе покаже кој состав е поблизу до трофејот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА              22:21 (ИЗВЕШТАЈ)

САБОТА, 27 МАРТ

15:00ч

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

16:30ч

ПРОЛЕТ 62 – ОХРИД

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

17:00ч

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515