Веспрем се спаси од нов срам – само до реми со Балатонфуреди

По поразот од Татабања и убедливата победа над Ѓенѓеш, ракометарите на Веспрем не успеаја да го победат тимот на Балатонфуреди.

Избраниците на Давид Дејвис, кои ги критикуваше по поразот од Татабања, почнаа добро и водеа со 9-5, но до паузата гостите стигнаа до нерешено, 12-12.

Во вториот дел се играше израмнето, беше 19-19 по петнаесетина минути игра, а борбените гости успеаја водеа и со 19-22, но домашните извлекоа реми на крајот, 26-26.

На овој натпревар за Веспрем не настапија повредениот Лауге, како и голманот Цупара и десното крило Шишкарев. Најдобар стрелец беше Македа со седум голови, а Борозан даде четири.

Следниот пријателски натпревар Веспрем ќе го игра следната сабота против Келце.