Веспрем едвај го скрши храбриот Загреб

Ракометарите на Веспрем ја продолжуваат низата без пораз во Лигата на шампионите, откако со големи проблеми го совладаа хрватскиот првак Загреб со 32-28. Унгарскиот тим диктираше темпо, водеше во повеќе наврати со плус три, но гостите секогаш се враќаа во игра. Победникот беше решен во последните десетина минути.

Отворија домашните со водство од 5-2, но „плинарите“ со новиот тренер Славко Голужа направија пресврт, 7-6 по петнаесетина минути игра. Потоа се играше гол за гол до 12-12. Избраниците на Момир Илиќ, во финишот на полувремето повторно ги имаа нависоките дотогаш плус три, 15-12, но упорните гости врза два гола во серија, и на пауза се замина со резултат, 16-15.

На стартот на вториот дел, Елисон и Вајлупов промашија пенали, па Загреб одново водеше со 18-17. Ненадиќ го држеше Веспрем во овој период и домашните стигнаа до плус три, 24-21, но ниту тогаш не беше завршена работата. Но потоа Србинот погреши три пати по ред, а сите грешки беа казнети за 24-24. Хрватскиот тим немаше сили за комплетен камбек во мечот и Веспрем ги искористи своите шанси. На седум минути до ккрајот беше 29-25.

Црвен картон доби Мае, а Чупиќ реализираше пенал за 29-27, „плинарите“ имаа шанса и да се вратат на минус еден, но не погодија. Уште една прилика за гостите да го направат финишот повозбудлив спречи Цупара. Потоа и Граховац доби црвен картон по стартот на Ненадиќ, Веспрем зголеми на 30-27 и веќе немаше назад за Загреб.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ненадиќ со шест, како и Јахја и Маргуч со по пет гола, додеа Цупара имаше 11 интервенции. Кај Загреб се истакна Муса со пет гола, Дибиров имаше три, а голманот Славиќ фати 11 удари на Веспрем.