Вардар ќе се подготвува на турнири во Германија и во Струга

Со претставувањето на новиот тренер, екипата на Вардар веќе почнува со подготовките за новата сезона, а Веселин Вујовиќ веќе може да го скрои планот за тренинзите во кои се предвидени учества на три турнири.

Екипата на Вардар би требала да учествува на турнирот во Струга, кој минатата година беше мини првенство на Македонија бидејќи играа само екипи од Супер лигата. Голема е веројатноста Вардар и годинава да игра на турнирот.

Уште претходно беше познато дека Вардар ќе биде меѓу учесниците на Хумел купот во Магдебург.

Покрај ова има опција за уште еден турнир. Вардар има покана и од Лајпциг така што ќе биде доста активно за време на подготовките.

Веќе е речиси познат составот на „црвено-црните“ така што сега на потег е Вујовиќ кој ќе треба да го крене нивото и Вардар да влезе во уште посилна битка во следната сезона за што е можно подобар пласман во сите натпреварувања.