„Вардар ме бараше да се вратам“

По освојувањето на европската титула во 2017 Вардар му понуди на Петар Ангелов да остане во клубот како тренер на голмани, но не успеаја да се договорат, па се разделија.

Но, малкумина знаат дека Вардар го барал Диви да се врати назад како играч, откако клубот ја прекина соработката со Страхиња Милиќ.

„По освојувањето на титулата во Келн Вардар ми понуди да останам во стручниот штаб како тренер на голмани. Бидејќи сакав уште да играм им предложив да останам во тимот и како играч и да бидам и тренер на голманите. Да бидам трет голман, и да сум спремен да помогнам доколку некој случајно се повреди или има некој проблем. Вардар не го прифати тоа, бараше строго тренер на голмани и не се договоривме. Интересно е што неколку месеци подоцна Вардар ме бараше да се вратам назад. Тоа е периодот кога имаа проблеми со Џамбо и кога потоа ја прекинаа соработката со него“, објаснува Ангелов.

Подолу видете го целосното интервју со Диви…

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР АНГЕЛОВ: Не се давам, ќе бранам уште една сезона!