Вардар контра РФМ: Не е хумано ракометарите да одиграат повеќе од 70 натпревари во една сезона

Ракометарите на Вардар следната сезона ќе играат на четири фронта – во СЕХА лига, Лигата на шампионите, Суперлигата и Купот на Македонија.

Претседателот Михајло Михајловски се обрати со неколку прашања до Ракометната федерација на Македонија

“Вардар првпат ќе игра на четири фронта и се обративме до РФМ. Ќе треба да играме во СЕХА лига, за викенд, во ЛШ среда или четврток. Ќе треба да тренираме, да патуваме, а кога ќе најдеме термини за натпревари од Суперлигата. Останатите клубови имале желба да играат со Вардар и Еурофарм Пелистер. Но оваа сезона што покажа. Од сите тие клубови што се бунеа, ниту една не беше приближно до нерешено со Вардар и Еурофарм Пелистер, а тоа не беше реално. Сега имаме нов систем на натпреварување, па имаме плеј-оф. Ќе играме многу натпревари, сакале или не, ќе мора да се придржуваме на оваа одлука. Но РФМ пред да донесе одлука мора да направи анализа. Не може еден играч за десет месеци, со три четири ЕХФ недели, со ЕП или СП, да одигра голем број натпревари, просечно по три меча неделно или повеќе од 70. Дали е тоа хумано? Кога се носат одлуки мора да бидат целосно согледани”, вели Михајловски.

Претседателот на Вардар се наврати и на последниот натпревар против Металург, на кој беше доделена титулата.

“Требаше да играме во четврток пред ТВ камери, наместо среда во четврток. Од 28 купови, Вардар освои 13, од 28 првенства, имаме 14 пехари. Вардар е институција и убедливо најдобра македонска екипа. Јас сум повеќе од сите инволвиран во ракометот. Ова не е емотивно, го мислам ова, и иако јас го почитувам Наумче Мојсовски, мислам дека требаше да не удостојат најмалку генералниот секретар на РФМ или претседателот да ни го доделат пехарот”, заврши Михајловски.