Вардар и Металург ја отворија сезоната, „црвено-црните“ се радуваа на победа

Екипата на Вардар стартуваше со победа во новата сезона откако на првата контрола против Металург забележа триумф од 29:24.

Веселин Вујовиќ се врати со победа меѓу „црвено-црните“ и означи победнички старт на подготвителниот старт на новата сезона, а допрва ќе следуваат уште натпревари.

На оваа средба и двата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на играта и уигрувањето на тимот, како и барањето на првата седумка која ќе го носи товарот во текот на сезоната.

Металург го отвори подобро натпреварот и имаше водство од еден гол, а од 12 минута Вардар првпат поведе и потоа се играше „гол за гол“. Во последните минути од првиот дел „вардарци“ успеаја да зголемат на 15:13.

Второто полувреме донесе подобра игра од Вардар, па шампионот беше во водство. Металург успеа резултатски постојано да биде во игра и израмни на 21:21. Сепак, во завршницата Вардар успеа да направи предност и да го добие овој натпревар со 29:24.