Вардар и Еурофарм Пелистер в среда во „Борис Трајковски“ ја отвораат новата сезона

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер в среда ќе го имаат првото одмерување на силите во новата сезона во официјален натпревар, а првиот пехар за кој ќе се надигруваат е во Супер купот на Македонија.

Како што е веќе познато натпреварот се игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“ каде што одново може да се играат спортски натпревари откако истата неколку месеци се користеше како Центар за вакцинација.

Почетокот на натпреварот ќе биде во 19 часот, а ова ќе биде натпревар на кој Вардар ќе ја брани титулата освоена на претходните три Супер куп дуели.

Вардар во првиот Супер куп пред четири години го совлада Еурофарм Работник, а потоа две години по ред го победуваше тимот на Металург. Сега Еурофарм Пелистер ќе се обиде да дојде до круната во ова натпреварување со кое се означува старт на новата сезона.

Инаку, минатата година Супер купот не беше одигран бидејќи поради епидемијата со Ковид 19 не беше довршено првенството во сезоната 2019/20 и немаше прогласен шампион ниту освојувач на Купот на Македонија.

СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ)

2017 (СКОПЈЕ)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК         30:25

Кристопанс 4, Кањелас 4, Шишкарев 4 – Ојлески 8, Мајнов 6, Чурлевски 5

2018 (СТРУГА)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ   33:24

Дибиров 8, Кисељев 4, Скубе 4 – Димитриоски 4, Танкоски 4, Кузмановски 4

2019 (КУМАНОВО)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ   26:24

Горбок 6, Дибиров 5, Калараш 4 – Додиќ 5, Јагуриновски 4, Поповиќ 3

2021 (СКОПЈЕ) – 11 АВГУСТ

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР