Вардар добива големо засилување – Гурбиндо одигра одлично против Веспрем

Францускиот Нант направи изненадување и го елиминира унгарскиот Веспрем во борбата за место на Ф4 во Лигата на шампионите.

Нант загуби со 32-30, но триумфот од четири гола на првиот меч беше доволен за билет за Келн.

Еден од најдобрите поединци на теренот кај гостите покрај Лазаров, беше и Едуардо Гурбиндо, кој од лето ќе биде дел од Вардар.

Шпанскиот репрезентативец беше одличен и во одбрана и во напад, и постигна пет погодоци против Веспрем.

Можни ривали на Нант во Келн се Барса, ПСЖ или Алборг, а завршниот турнир во Келн ќе се игра на 12 и 13 јуни.