Вардарки триумфално во Грција

Тимот на Вардар во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната во Женската лига, одигра пријателски натпревар во јужниот сосед на Македонија.

Избраничките на Александар Царчев славеа против Панорама во натпревар со многу погодоци, 39-34.

На полувремето вардарки водеа со 17-15, а во вториот дел предноста на македонските ракометарки се зголеми до пет.

Бојана Диневска беше најдобар стрелец со девет гола, додека Сара Стефаноска стрелаше осум пати.