Важни бодови за Јуниор Кисела Вода, плеј-офот е веќе на дофат

Екипата на Јуниор Кисела Вода дојде до победа од 34:18 на гостувањето кај сè подобриот тим на РК Алушовски.

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода имаа тешко отворање на средбата. Тимот на РК Алушовски го доби стартот на средбата и успеа далеку подобро да тргне во овој дуел. Младите ракометари беа постојано во предност и водеа до 10:8. Тука работите тргнаа во лош правец, па гостите успеаја до крајот на првото полувреме да примат само еден гол, но да постигнат осум и да заминат со 16:11 на одмор.

Во вториот дел од средбата веќе немаше проблеми за поискусните гости да се изборат за предност која им овозможи мирна завршница така што со 34:18 беа освоени нови три бода.

Оваа победа значеше дека екипата на Јуниор Кисела Вода е на чекор од плеј-оф и во последните две средби напролет ќе биде потребен еден поен. Плеј-оф може да биде обезбеден и уште денеска, но тоа би се случило доколку екипата на Куманово си замине без победа од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

РК АЛУШОВСКИ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА         18:34 (11:16)

Сала: „Форца“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

РК АЛУШОВСКИ: Павловски, Ивановски, Абдулкарим 2, Па. Атанасијевиќ 4, Пе. Атанасијевиќ, Донев, Крстевски 1, Рачевски 4, Стерјев 1, Андонов 1, Хазир 1, Петровски, Мартиновски 1, Белистојановски 2, Пановски 1.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Костадиновски, Витанов 1, Кафтански 1, Благопетров 8, Крстевски 8, Чапов, Трајковски, Јаховиќ 5, Крстов 3, Тодоров, Атанасовски 1, Трајчевски 7, Дабевски.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 4 мин.