Бутел Скопје го задржа капитенот, Спасовски потпиша нов договор

Еден од играчите со најдолг стаж во Бутел Скопје, Бојан Спасовски, и во следната сезона ќе го носи дресот на оваа екипа.

Капитенот ја продолжи соработката за уште една сезона, која ќе биде за него четврта во Бутел Скопје.

„Се чувствувам одлично покрај вакви соиграчи во Бутел Скопје и сите функционираме заедно како еден. Ова можеби ќе биде мојата последна сезона во кариерата. Иако планирав претходно да кажам крај, нашиот Марче ми ги промени плановите и следната сезона ќе ја одиграм во негова чест. Сите заедно во клубот ќе дадеме максимум да направиме историски успех во новата сезона и ќе му го посветиме него“, вели Спасовски.

Претходно договорите ги продолжија Василевски, Стојановски, Младеновски, Мајиќ, Ѓоргиевски, Блажески, Јевтиќ и Мојсоки, а нови имиња во тимот се Чаневски, Давитковски, Пулјизовиќ, Тот, како и младите Андревски и Филиповски.

Бутел Скопје ќе настапи на Струшкиот турнир од 12 до 15 август.